Даниеле Орсато: Нема никаква агенда против Мурињо

by
1 минути читање

Жозе Мурињо минатата сезона често беше суспендиран од судиите, Португалецот постојано беше во расправија со нив. Рома неколкупати беше оштетена, тренерот го истакнуваше тоа, па се добиваше впечаток како да сака да каже дека има агенда против него и волчицата.

Во интервју за „Кориере дело Спорт“, Орсато вели дека нема никаква агенда, апсурдно е да се помисли дека тие во мечевите влегуваат со предрасуди кон некој.

„Како што рече и мојот колега Даниеле Чифи, ние никогаш мечот не го почнуваме со предрасуди. Нема агенда. Ние имаме други мисли, други работи за кои се грижиме. Идејата дека судиите влегуваат во мечевите со предрасуди е апсурдна“, вели Орсато.

Тој направи и паралела меѓу фудбалерите од минатото и сегашните.

„Со Де Роси секогаш ми беше тешко, но кога ќе го запознаете надвор од теренот и кога ќе разговарате со него, тогаш откривате многу поразличен човек. Денешните фудбалери полесно е да ги менаџираш. Интер на Мурињо кој освои тројна круна, ги имаше Камбијасо, Станковиќ и марвелот на капитените, Занети. Одам во училишта да предавам правила на едукација и секогаш го следам неговиот пример. Занети ми рече: „Орсато не се грижи, дури и ако направиш грешка, продолжи да одиш по својот пат“. Ми недостасува тој, како и Паоло Малдини и Тоти“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×