Даниел Малдини: Не знаев дека и татко ми му дал гол на Интер!

by
1 минути читање

Даниел е член на Милан кој игра на позајмица во Специја. Синоќа влезе од клупата за резерви и постигна гол за водство над Интер од 1-0. Конечниот резултат беше 2-1 за Специја.

Паоло Малдини исто така му има дадено гол на Интер, тоа се случило во ноември 1994 година, Даниел тогаш уште не бил роден.

„Не го знаев тоа! Но тоа не менува ништо, најважно е дека ги освоивме бодовите“, вели Даниел Малдини.

„Некое време чекав да дадам гол, за среќа тој се случи сега, против силен тим и ќе уживаме во оваа победа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани