По речиси две
децении поминати во Тотнем, Хари Кејн изминатово лето го напушти клубот од
Северен Лондон и се пресели во Баерн Минхен во зделка вредна околу 120 милиони
евра.
Првиот човек на
„спарси“, Даниел Леви оваа недела имаше средба со навивачите и привлече
внимание откако порача дека имаат клаузула со која можат да го откупат повторно
Хари Кејн.
Сепак, медиумите
од Англија пишуваат дека Даниел Леви не ја кажал вистината, и дека во договорот нема
клаузула каква за што тој говори.
Во преговорите со
Баерн Минхем, Тотнем обезбедил опција прв да го ангажира Хари Кејн во случај
напаѓачот да реши еден ден да се врати во Премиерлигата. При едно вакво сценарио,
„спарси“ ќе треба да преговараат со „баварците“ за висината на трансферот, а и
немаат никаква гаранција дека ќе го добијат назад напаѓачот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.