Дани Алвес заминува во Англија, Јувентус разгледува две опции за негова замена

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ пишува дека Дани Алвес е цврсто решен да замине од Јувентус ова лето. Навивачите се разочараа од неговото однесување во последниот период особено по изјавата за Дибала дека треба да ја промени средината за да го оствари сиот свој потенцијал.

Синоќа од Јувентус му соопштиле на Дани Алвес дека може да си замине ако сака и тоа како слободен фудбалер.

Најверојатно следната дестинација на Бразилецот ќе биде Манчестер Сити со кој ќе потпише две годишен договор со заработка од 5 милиони евра по сезона.

Јувентус разгледува две опции за замена на Алвес, Матиа Де Шиљо и Матео Дармијан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани