Дани Алвеш останува
зад решетки, адвокатите на Бразилецот имаа неуспешен обид да издејствуваат
фудбалерот да се брани на слобода.
Правниот тим на
Дани Алвеш понуди неколку мерки како предавање на пасошот, носење на
електронска нараквица за да биде што подалеку од жртвата, да плати било каква
кауција, па дури и секој ден да се појавува на суд.
Сепак судијата
смета дека Дани Алвеш е доволно економски моќен во секој момент да ја напушти
Шпанија, и го смета за висок ризик за бегство поради сериозните индикации за
сторен криминал и високата затворска казна која може да му се одреди, па одлучи
да му го одбие барањето и Бразилецот да остане во затвор.
Дани Алвеш е
обвинет за силување на 23 годишна девојка, инцидентот се случил во последните
денови од 2022 година во ноќен клуб во Барселона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.