Дани Алвес: Барселона не се грижи за фудбалерите кои направиле историја за клубот

by
1 минути читање

Дани Алвес вели дека не му се допаднал начинот на кој заминал од Барселона, но потенцира дека клубот така ги испраќа сите легенди, на задна врата. Дури и разделбата со Лео Меси беше проблематична.

„Не заминав тажен. Заминав среќен бидејќи се вратив во Барселона. Пет години сонував да го имам овој втор момент. Единствената работа што не ми се допадна е тоа како си заминав“, вели Алвес.

„Уште од кога дојдов бев многу јасен дека веќе не сум 20-годишен и дека сакам работите да ми бидат кажувани во лице, без криење“.

„Барселона не се грижи за луѓето кои прават историја за овој клуб. Како фан на Барселона, би сакал клубот поинаку да ги прави овие работи“.

„Не зборувам за мене бидејќи мојата ситуација беше поинакво сценарио. Јас сум му благодаран на Чави и на претседателот кои ме вратија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани