Дани Алвеш: Барса го изгуби идентитетот, стана клуб кој прави купи-продај

by
1 минути читање

Во интервју за РАЦ 1, фудбалерот со најмногу трофеи во историјата, Дани Алвеш реши да ги искоментира случувањата на Камп Ноу.

„Стилот на Барселона се менува. Клубот го загуби идентитетот, ќе треба да поминат низ тежок процес за да го вратат“ – вели Бразилецот.

„Повеќе се фокусираат на маркетинг и бизнис. Претходно се купуваа играчи кои се вклопуваа во филозофијата на клубот, но сега се ангажираат фудбалери кои не се во согласност со идентитетот на Барса. Да, се работи за фудбалери со голема вредност, но не ја бранат вашата филозофија. Барса стана клуб кој прави купи-продај. Кога го правите тоа, се губи идентитетот и мислам дека ова е главниот проблем“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани