Далиќ: Јас сум виновникот, ова е навистина лошо!

by
1 минути читање

Хрватите прво загубија на свој терен од Турција, а вчера беа поразени во Велс. Турците го визираа местото на Европското првенство, Хрватска треба да се надева дека ќе ги добие преостанатите два меча, а притоа Велс ќе загуби бодови.

Хрватска е во тешка ситуација, ѝ виси пласманот на Европското првенство, имаат пат до таму и преку Лигата на нации, но револтот на јавноста од лошите игри е голем.

Селекторот Златко Далиќ ја презема вината за поразот.

„Заслужен пораз. Велс беше подобар, поагресивен, покажа повеќе желба, ги искористи своите можности. Имаме проблем кога одиме во офанзивата, немаме идеја како да дојдеме до гол. Ова навистина е лошо. Се доведовме во тешка ситуација“, вели Далиќ.

„Имавме одлична ситуација, сега зависиме од другите. Имаме уште два натпревари. Како и секогаш, јас ќе ја преземам одговорноста за се, јас сум виновен бидејќи сигурно можев подобро и поквалитетно да го подготвам тимот. Навистина тешка ситуација“.

„Лош натпревар, мораме да се погрижиме за тоа. Навистина е проблем што не можеме да создаваме шанси. Да, немавме креација во нападот. Бевме безидејни, навистина лоши. Мора да кренеме глава и да се извиниме за ова“.

„Во проблеми сме, ги чекаме следните два натпревари, не зависиме само од себе. Лути сме што дојдовме до ваква ситуација. Ние ништо не можеме да направиме без драма. Мораме ова да го пребродиме и да се насочиме кон следните натпревари. Тие за нас се да се биде или да не се биде“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×