147
Според англиските медиуми, ситуацијата на Варди ја следат Челси и Манчестер јунајтед и спремни се да испратат понуда до Лестер.
Доколку Варди нема намера да продолжи со Лестер, клубот ќе мора да го продаде ова лето доколку сака да заработи на неговото заминување.
Лукаку се врати во Интер, па Челси има потреба од играч во нападот, Тухел смета дека Варди би можел да заврши работа за новата сезона, а можеби и за уште некоја плус.
И Манчестер јунајтед е заинтересиран да донесе конкуренција во офанзивната линија.
Ова лето се чини дека е последна шанса за Варди да заигра за некој од англиските големи клубови.