Дали Тухел погреши што не играше почесто со Сака во тимот?

by riste
1 минути читање

Букајо Сака беше ѕвездата на мечот меѓу Англија и Франција кој Англичаните го добија со неверојатни 6-4, фудбалерот на Арсенал постигна хет-трик.

Сака не се изнаигра на ова Светско првенство, во полуфиналето не одигра ниту една минута иако многумина сметаа дека тој требаше да влезе по дадениот гол поради неговата брзина и моќноста при контра напади.

Фудбалерот на Арсенал синоќа на теренот како да сакаше да каже дека заслужи повеќе минути, а таква му беше и изјавата потоа.

„Јасно е дека сакав да играм повеќе на ова Светско првенство… но сега е премногу доцна. Се обидував да зборувам на теренот и тоа го направив сега“, рече Сака.

Тухел рече дека не го играл често Сака поради повредата која ја имаше фудбалерот пред Мундијалот.

„Сака беше одличен. Тој беше подготвен да оди на Светското првенство, но јас се уште чувствував одговорност да бавно да го внесувам во игра. Одлуката да не го играм во полуфиналето беше многу тешка“, рече Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×