Дали судиите му помогнаа на Реал Мадрид против Еибар? (ФОТО)

by
1 минути читање

Каталонскиот весник спорт „Спорт“ смета дека Реал Мадрид добил нова помош од судиите, овој пат на мечот со Еибар кога Серхио Рамос играше со рака.

Спорниот момент се случи на десет минути пред крајот при водство на Реал Мадрид од 2-1. Топката го удри Рамос во лактот, раката не беше залепена за неговото тело, па многумина сметаат дека тоа беше пенал.

Судијата не сакаше да го прегледа инцидентот, можеби добил и сугестија од ВАР собата дека нема пенал, а ниту простор за прегледување, но некои негови колеги не се согласуваат со тоа.

„Централниот дефанзивец на Реал Мадрид (Рамос) ја одвои раката од своето тело и ја удри топката со лактот по шутот со глава на Муто, спречувајќи го патувањето на топката кон голот. Еибар требаше да добие пенал“, вели поранешниот судија Хуан Андухар Оливер за Радио Марка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×