Дали среда ќе биде клучниот ден? Таткото на Меси утре пристигнува во Барселона на преговори со Бартомеу

by
1 минути читање

Приказната за заминувањето на Меси од Барселона утре може да има клучно поглавје. Таткото на Меси ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Бартомеу по што се очекува работите да станат многу појасни.

Според аргентинскиот новинар, Нико Сингер, Хорхе Меси од Аргентина летнал денеска во 17:30 часот, и во Шпанија ќе слета утре, среда во 6:15.

Хорхе Меси оди во мисија да најде заеднички јазик меѓу Барселона и неговиот син. Нивниот став е јасен, Лео Меси нема повеќе да игра, сака да замине од клубот, прашањето е само како тоа ќе се случи.

Ставот на Барселона засега е цврст, тие немаат намера да го продадат Меси и би ги одбиле сите понуди кои ќе пристигнат.

Двете страни имаат дијаметрално спротивни позиции, па нејасно е дали состанокот на Хорхе Меси со Бартомеу ќе промени нешто, но се верува дека ова може да биде и клучен момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×