Новинарот Бен Џејкобс вели дека Манчестер Сити планира да го финансира трансферот на Енцо Фернандез со продажба на Родри и Тиџани Ранјдерс, односно да прибере околу 140 милиони евра од овие две зделки.
Енцо Фернандез во последните неколку денови често се поврзува со трансфер во Манчестер Сити.
Челси е отворен за една ваква зделка, но ќе се раздели со Аргентинецот само под одредени услови.
Новинарот Бен Џејкобс сега вели дека „граѓаните“ го имаат рецептот за ангажман ан Енцо Фернандез, односно да го финансираат трансферот со продажба на Родри и Тиџани Ранјдерс.
Тој пренесе дека Манчестер Сити ја одбил и новата понуда на Барселона за Родри вредна околу 65 милиони евра, и инсистира да добие сума од преку 70 милиони евра, или блиску до 80 милиони евра.
Што се однесува до Тиџани Рајндерс, пристигнал примамлив предлог од Саудиска Арабија, поточно Ал Кадсија води напредни преговори за зделка вредна околу 60 милиони евра.
Па со овие две продажби (80+60 милиони) се стига до сумата од 140 милиони евра (120 милиони фунти) која ја постави Челси.
Е сега прашање е дали може да биде задоволен вториот услов, односно ултиматумот од Челси за понуда до петок во 17 часот по британско време. Пред Манчестер Сити сега се два клучни дена.