Дали преодниот рок на Јунајтед во 2023 е најлош на сите времиња?

by riste
1 минути читање
Хојлунд

Летото 2023 година Манчестер јунајтед потпиша со седум фудбалери, плати речиси 200 милиони фунти, но ниту еден од играчите не се погоди.

Најскап беше Расмис Хојлунд за кого платија 72 милиони фунти. Данскиот напаѓач се мачи да даде гол и е мета на многу критики.

За Мејсон Маунт дадоа 60 милиони фунти, но ниту поранешниот фудбалер на Челси не исполни ништо од очекувањата, многу често е и повреден.

Андре Онана пристигна за 60 милиони фунти, голманот постојано реди киксови, а последните два против Лион се чини дека ја прелејаа чашата и кај раководството и кај Аморим.

За турскиот голман Алтај Бајиндир, Јунајтед плати 4,3 милиони фунти. За него не може да се суди бидејќи дојде за да му биде резерва на Онана, па немаше многу шанси да го покаже својот квалитет.

Тој преоден рок на позајмица пристигнаа уште Регилон и Амрабат, а како слободен играч потпиша Еванс.

Преодниот рок на Манчестер јунајтед во 2023:

Расмус Хојлунд 72 милиони фунти
Мејсон Маунт 60 милиони фунти
Андре Онана 45 милиони фунти
Алтај Бајиндир 4,3 милиони фунти
Серхио Регилон позајмица
Софијан Амрабат позајмица
Џони Еванс слободен играч

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани