Дали некој по грешка ги објави дуелите за првото коло во Премиерлигата? (ФОТО)

by
1 минути читање

Воведното прво
коло во новата сезона во Премиерлигата која стартува на 12. септември можеби
бизарно е откриено, и тоа на мега популарната платформа Фантази Премиерлига,
игра која минатата сезона броеше близу осум милиони натпреварувачи ширум
светот, од кои близу осум илјади беа од нашата земја.

Фантази
Премиерлигата за новата сезона беше пуштена во употреба од саботата, меѓутоа на
социјалните мрежи излезе една интересна информација во која се вели дека за
момент дел од натпреварувачите всушност им излегол распоредот за првото коло.

Доколку се верува
на ова, уште на стартот од новата сезона ќе проследиме дерби пресметка, и тоа
Манчестер јунајтед на домашен терен ќе го пречека Арсенал, шампионот Ливерпул
гостува кај Вест Хем, а Манчестер Сити на домашен терен го пречекува Кристал
Палас, мини дербито на колото би било дуелот помеѓу Лестер и Вулверхемптон, а
Лидс и нашиот Езгјан Алиоски стартуваат на свој терен против Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×