Дали Мурињо го менува односот кон Абрахам?

by
1 минути читање

Абрахам оваа сезона има дадено само три гола на 18 натпревари. Мурињо вообичаено застануваше во негова одбрана, но денеска беше поинаку.

Мурињо беше запрашан што мисли за формата на Абрахам.

„Треба да го прашате него што е проблемот. Дали му е одвлечено вниманието, дали има проблем или мисли на Светското првенство“, рече Мурињо.

За разлика Абрахам, Мурињо застана во комплетна одбрана на Ибањез кога беше запрашан за киксот на дефанзивецот против Лацио.

„За утрешниот меч за играч кој можам да кажам дека сигурно ќе настапи е Роџер Ибањез. Утре ќе игра тој и десет играчи кои нема да ги кажам“.

„Од денот откако дојдов во Рома, Ибањез секогаш давал се од себе за каузата. Минатата сезона имаше период кога тој беше единствениот централен дефанзивец подготвен. Неговата грешка? Кога гбиме, губиме сите. Кога победуваме, победуваме сите. За мене тој е недопирлив“.

„Кога игравме во Севиља, утрината кога го видов мислев дека е невозможно да игра, но тој успеа, даде се од себе за да настапи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×