Ламин Јамал добива пофалби од сите страни по синоќешната партија против Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите, има и такви кои сметаат дека младото момче треба да ја добие „Златната топка“ доколку Барселона стигне до тројната круна.
Ламин Јамал продолжува да испишува нова историја и да ја воодушевува фудбалската јавност со игрите кои ги прикажува.
Со својот гол против Интер, тој собори рекорд старт повеќе од 60 години, и со 17 години и 291 ден стана најмладиот стрелец во полуфинале во најелитното европско натпреварување.
По партијата против „нероаѕурите“, пофалби стигнуваат од сите страни, а оние најхрабрите дури и велат дека Ламин Јамал заслужува да ја освои „Златната топка“ доколку Барселона оваа сезона стигне до тројната круна.
„Доколку Барселона ја освои Лигата на шампиони и доколку Јамал ја направи разликата на реваншот против Интер, и направи разлика во финалето, мислам дека заслужува да ја добие „Златната топка“. Ако постои некој што вреди да се гледа во живо денес – тоа е Ламин Јамал“. – вели легендарниот Рио Фердинанд.
Во моментов најмлад освојувач на „Златната топка“ е Роналдо „Феноменот“, кој до оваа престижна индивидуална награда стигна со 21 година и 96 дена во 1997.