И покрај тоа што во Неапол никој не сака да го спомне Скудетото поради суеверие, речиси на сите им е јасно дека Наполи оваа сезона ќе биде шампион на Италија.
Откако Интер синоќа киксна на гостувањето кај Сампдорија, Наполи сега има +15 на врвот на табелата, и повеќе не се прашува дали ќе биде освоено Скудетото, туку кога ќе биде освоено.
На многумина во главата им се врти еден датум, дуелот против Фиорентина на 7. мај откако се поклопија многу сличности со сезоната 1986/87, кога Наполи предводен од Марадона за прв пат триумфираше во Серија А.
Кои се сличностите? Претседателот на тој шампионски тим на Наполи, Корадо Ферлаино стана прв човек на клубот во јануари 1969 година и освои своето прво Скудето во 1987 година, односно 18 година и неколку месеци подоцна. Аурелио Де Лаурентис го превзеде Наполи во 2004 кога клубот беше во банкрот и сега, 18 години и неколку месеци подоцна, може да го освои Скудетото.
Тренерот Отавио Бјанки го освои Скудетото во својата втора сезона на клупата на Наполи откако претходната сезона финишираше на третото место. Лучано Спалети минатата сезона финишираше на третото место и оваа е неговата втора сезона на кормилото на Наполи.
Првиот пораз во сезоната момците на Бјанки го доживеаја по Божиќната пауза, исто како и сега момците на Спалети.
Аргентина беше светски шампион во 1986 година, „гаучосите“ сега повторно стигнаа до титулата на мундијалот. И не само тоа, Кремонезе последен пат играше полуфинале во Купот на Италија во сезоната 1986/87 и сега повторно е помеѓу четирите најдобри во купот.
Наполи Скудетото во 1986/87 го освои со реми од 1-1 против Фиорентина на 10. мај, па затоа сега 7. мај и дуелот со „виолетовите“ некако делува судбоносен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.