Дали Кан ја исмеваше Барселона кога „каталонците“ се паднаа во иста група со Баерн? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кога Барселона
синоќа беше споена со Баерн Минхен во групата Ц во Лигата на шампиони, камерите
го уловија Оливер Кан со насмевка на лицето.

Весникот Спорт
објави дека генералниот извршен директор на „баварците“ го исмевал тимот
предводен од Чави, и го опиша гестот како „невообичаена реакција на лице кое учествува
во ждрепка, место каде вообичано се покажува почит“.

Оливер Кан веднаш
реагираше и во разговор со Билд ја објасни својата рекција.

„Погрешно го
интерпретираат мојот гест. Роберт Левандовски не напушти пред неколку недели и
се пресели во Баерселона, и сега ждрепката не спои во групната фаза од Лигата
на шампиони. Едноставно се насмевнав на тоа како судбината не спои. Имам
огромна почит кон Роберт и Барселона, натпреварите ќе бидат фудбалско уживање
за сите навивачи“
– вели генералниот извршен директор на Баерн.

Баерн Минхен и
Барселона беа во иста група и минатата сезона, тогаш „баварците“ два пати ги
совладаа „каталонците“ и придонесоа клубот од Камп Ноу за прв пат по
20 години да не биде дел од нок-аут фазата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×