Дали Халанд ќе го снајде судбината на Ибра? Гвардиола не го сакал Норвежанецот

by
2 минути читање

Ерлинг Халанд
игра во страшна голгетерска форма во дресот на Манчестер Сити, напаѓачот руши
рекорди, но „граѓаните“ не ги бележат посакуваните резултати и заостануваат зад
Арсенал во битката за врвот на табелата.

Во последно време
се почесто се пишува за недоразбирања и проблеми помеѓу Пеп Гвардиола и Ерлинг
Халанд а на оваа тема свое видување даде поранешниот фудбалер Дитмар Хаман.

„Силните страни
на Ерлинг Халанд се сосема спротивни од силните страни на Манчестер Сити. „Граѓаните“
бележеа успеси бидејќи ја држеа топката во своите нозе, имаа ритам, имаа течност
во играта и головите ги постигнуваа многу различни играчи“
– вели Германецот.

„Сега имаат играч
кој во поголемиот дел од натпреварите како и да не учествува, како Сити да игра
со 10 играчи. Не ме интересира колку голови постигнал или колку хет-трикови
забележал. Потребно е да погледнете колку голови има постигнато Манчестер Сити,
мислам дека имаат постигнато помалку во споредба со ова време минатата сезона и
имаат помалку освоени бодови“.

„Мислам дека Халанд
е играч кој не се вклупува во тимот бидејќи е се што тимот не е. Тој е навистина
добар кога се игра брзо. Во Дортмунд постигнуваше голови откако ќе ја освоеа
топката. Три-четири додавања и топката е во мрежата. Во Сити дтопката се додава
30-40 пати пред да се скрши противникот“.

„Не верував дека
ќе се пресели во Манчестер Сити бидејќи е играч кој Гвардиола никогаш не го
сакал“.

„Секој голгетер
во Барселона завршуваше неуспешно, погледнете што се случи со Златан
Ибрахимовиќ“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани