На почетокот од
оваа недела Фернандо Санц откри дека во договорот на Ерлинг Халанд има откупна
клаузула која се активира летото во 2024 и со која приоритет му се дава на Реал
Мадрид.
Сепак, Пеп
Гвардиола веднаш ги демантираше ваквите стории, но очигледно целата приказна нема
да заврши брзо.
Фернандо Санц инсистира
дека Ерлинг Халанд има откупна клаузула и направи споредба со Луис Фиго, кој од
Барселона се пресели во Реал Мадрид токму со помош на откупна клаузула.
„Гвардиола мора
да го каже тоа што го кажа но откупната клаузула постои… сепак во моментов не
можам да ја откријам сумата“ – вели Фернандо Санц.
„Паметам дека
кога беше во Дортмунд, луѓето велеа дека Ерлинг Халанд нема откупна клаузула а
токму со такви бенефиции Манчестер Сити успеа да го ангажира“.
„Ќе потсетам и на
трансферот на Луис Фиго, постојано се говореше дека се е лага а на крајот потпиша
со Реал Мадрид“.
„И Пеп Гвардиола
пред неколку месеци велеше дека поради пандемијата немаат пари за трансфери а подоцна
го купија Ерлинг Халанд. Секој кажува онака како што му одговара“.
„Не велам дека
Реал Мадрид има ексклузивен приоритет, едностано во договорот на Ерлинг Халанд
има клаузула со бенефицирани услови за преселба во Реал Мадрид“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.