Дали е време Роналдо да престане да шутира слободни удари? ЦР7 сега служи за потсмев на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ЦР7 по преселбата
во Јувентус никако не може да погоди од слободен удар, испиша црни рекорди во
Серија А и стана најлошиот изведувач во историјата. „Старата дама“ има уште
двајца мајстори во своите редови како Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала, но и
покрај тоа Португалецот и понатаму е прв избор.

По синоќешниот
натпревар против Болоња, одново стана актуелно прашањето дали Кристијано
Роналдо треба да престане да шутира слободни удари?

По петнаесетина
минути игра, беше направен прекршок на работ од шеснаесетникот, ЦР7 самоуверено
тргна но неговиот обид заврши високо на трибините.

На социјалните
мрежи имаше многу потсмев и критики за напаѓачот кој последен пат има постигнато
гол од слободен удар во 2017 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×