Даде гол од центар па го исмеваше Џака за контроверзната прослава (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Спортинг синоќа приреди
изненадување во Лига Европа, се избори за 1-1 на „Емирати“ и потоа на пенали го
елиминираше Арсенал.

Мечот го одбележа
лудиот гол на Педро Гонсалвеш, кој од половина терен го лобуваше домашниот
голман Арон Рамсдејл.

По крајот на
натпреварот, херојот на Спортинг беше во спортингот откако го „поздрави“ Гранит
Џака и контроверзната прослава на Швајцарецот. Имено, кога Гранти Џака донесе
водство во првото полувреме, ја стави раката на носот и правеше гестикулации
кои беа протолкувани како исмејување на гостите.

Па кога
„лавовите“ го добија пенал рулетот и тргнаа да слават со своите навивачи на
трибините, Педро Гонсалвеш почна да ја копира прославата на Гранит Џака и да го
исмева Швајцарецот.

Сепак, големи се
шансите гестот на Гранит Џака да бил погрешно разбран, и едноставно Швајцарецот
да испратил порака до својата ќеркичка, која го следела мечот пред малите
екрани. На социјалните мрежи се појави објава од сопругата на фудбалерот како
во домот се следи натпреварот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани