По две години на
позајмица во Баерн Минхен, Хамес Родригез минатото лето се врати на „Сантијаго
Бернабеу“.
Имаше многу шпекулации за неговата иднина, но тој остана во Мадрид. Зинедин Зидан
вети дека ќе му даде шанса, но неговите настапи се бројат на прст.
Поранешниот
фудбалер, Фаустино Асприља сега застана во одбрана на својот сонародник, вели дека
не разбира зошто Хамес Родригез има толку мала минутажа, и како играчи како
Маријано Диаз се повисоко во изборот на тренерот.
„Хамес не е
неодговорен, тренира секој ден исто како и сите други. Тренерот вели дека сите
имаат еднакви шанси за да ги мотивира своите резерви, но во суштина, секогаш
шанса добиваат исти тројца или четворица“ – вели Асприља.
„Немојте да ми
кажете дека најдобар стрелец на Светско првенство (мундијалот во Бразил во
2014) е подолу во изборот од Маријано Диаз или не знам таму некој друг… Потребна е малку
поголема почит“.
„Хамес е трпелив,
јас ќе му кажев на Зидан да јаде го*на“.