101
Франсико Тринако
ќе се врати на Камп Ноу откако Вулверхемптон реши да не ја искористи опцијата
според која можеше во цеслот да го купи Португалецот за 30 милиони евра.
Како што пишуваат
медиумите, „волците“ сега ќе треба на Барселона да и платат 6 милиони евра
поради тоа што не го направиле перманентен трансферот.
Клубот од
„Молињу“ ќе има начин да ја компензира оваа сума, им следуваат 20% од следната
продажба.
Барселона сега ќе
се обиде да му најде нов клуб на Франсиско Тринкао, се водат преговори со
Спортинг, клубот од Лисабон сака да го позајми офанзивниот фудбалер.