Манчестер
јунајтед во последните денови од преодниот рок тргна во потрага на нов лев бек
по повредите на Лук Шо и Тајлер Маласија.
Марк Кукуреља од
Челси беше прва опција, но „сините“ не сакаа да дозволат вметнување на клаузула со
која „ѓаволите“ ќе можат да ја прекинат позајмицата во јануари.
Клубот од Олд
Трафорд потоа се насочи кон Серхио Регилон, Тотнем прифати ваква клаузула која ретко
се користи при големи зделки, па Шпанецот попладнево беше промовиран како нов
играч на Манчестер јунајтед.
„Серхио Регилон му
се приклучи на Манчестер јунајтед на позајмица од Тотнем до јуни 2024 година“ –
гласеше известувањето на „ѓаволите“.
За новата
авантура, левиот бек рече: „Во животот треба да бидете подготвени за сè, и
шансата да ги бранам боите на овој голем клуб со прекрасна историја, едноставно
не можев да ја одбијам. Разговарав со тренерот, знам што очекува од мене, подготвен сум да ја одиграм својата улога и да помогнам тимот да забележи успех.
Знам дека можам да дадам свој придонес за Манчестер јунајтед оваа сезона,
подготвен сум да се борам и на сите да им ги покажам моите квалитети“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.