„Црвениот дрес ќе му стои убаво, но ќе бидам изненаден ако ова лето дојде во Ливерпул“ – Клоп флертува со Санчо

by
1 минути читање

Џејдон Санчо важи
за еден од најперспективните играчи во Европа, го привлекува вниманието на сите
гиганти и подолго верува се пишува дека Манчестер јунајтед е најсериозен кандидат за неговиот
потпис.

Ливерпул е еден
од клубовите кои ја следат ситуацијата на Џејдон Санчо, и Јирген Клоп сега реши да им ги помати сметките на ривалите и да флертува со играчот.

„Црвениот дрес ќе
му стои убаво на Џејдон Санчо. Се работи за интересен играч, но мислам дека ваков
трансфер нема да се случи ова лето. Ако дојде во Ливерпул, ќе бидам прилично
изненаден“
– вели Германецот, кој оваа недела на Ливерпул му ја донесе првата титула во
Премиерлигата по 30 години.

Борусија Дортмунд
нема лесно да се откаже од младиот Англичанец, и постави висока цена. „Црно-жолтите“
бараат 130 милиони евра, и не ги интересира тоа што во моментов фудбалот е
погоден од коронавирус криза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×