19
Црвена звезда со 3-0 ја победи Викторија Плзен на првиот натпревар на Алберт Риера како тренер на црвено-белите.
Резултатот го отвори Мирко Иваниќ во 36. минута, тој погоди и по осум минути игра во второто полувреме за водство од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Катаи од пенал во самиот финиш од мечот.
Црвена звезда создаде недостижна предност и се чини дека заверката на пласманот во лигашкиот дел од Лига Европа ќе биде само формалност.
Голем шок доживеаа Трабзонспор и Салах кои загубија на свој терен од Ференцварош со 1-0.