161
Серија А не и прости на „волчицата“, денеска додели службена победа за Верона откако Амаду Диавара, кој во јули наполни 23 години, бил пријавен на листата за играчи до 22 години.
Генералниот секретар, Панталео Лонго превзеде одгворност за грешката и поднесе оставка.
Но следуваше чуден расплет, Спортиталија пренесува дека Панталео Лонго добил работа во Верона, клубот кој имаше бенефит од грешката и освои три бода наместо еден.
Лонго пристигна во Рома минатата година заедно со својот близок пријател, Џанлука Петраки, кој во јуни доби отказ по жестоката расправија со сега веќе поранешниот претседател, Џејмс Палота.