Главниот фокус на
Арсенал во следниот период ќе биде борбата со Манчестер Сити за титулата,
„топчиите“ ќе се обидат да ја задржат предноста на врвот на табелата и по долги
години да се радуваат на триумф во Премиерлигата.
Но зад сцената се
работи и на составот за следната сезона, планот е да се донесат неколку
засилувања.
Сепак, прво ќе
треба да се продава и според пишувањата на Сан, на листата за отстрел има 7
имиња.
Прв на списокот е
најскапото засилување на „топчиите“ Николас Пепе, за кого беа платени 80
милиони евра. Напаѓачот во моментов игра на позајмица во Ница, и Арсенал се
надева дека ќе падне договор и за перманентен трансфер.
Купци ќе се бараат и за Мејтланд Најлс, Самби Локонга, Нуно Тавареш, Пабло Мари, Седрик Соареш и
Алекс Рунарсон.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.