Чиро Блажевиќ: Плачев во последните 15 минути од натпреварот

by
1 минути читање

Блажевиќ во 1998 година на Хрватите им ја донесе првата бронза на Светските првенства, денеска „коцкестите“ повторно се трети во светот.

„Ова ме врати во живот. Во последните 15 минути од натпреварот веќе плачев од среќа бидејќи видов дека не ни можат ништо, дека победуваме и влегуваме меѓу најголемите фудбалски велесили“, вели Чиро Блажевиќ за „Индекс“.

По завршувањето на натпреварот селекторот Далиќ му ја посвети победата токму на Чиро Блажевиќ.

„Ние го заслуживме тоа. Сакам да му се заблагодарам на Далиќ и на неговите херои, неговите витези кои го освоија ова трето место на еден горд, хрватски начин. Секоја им чест. Слушнав кога Далиќ ми ја посвети победата, тоа многу ми значи. Јас се направив во свое време, тој сведочеше на тоа и му благодарам за се“.

Чиро Блажевиќ кој веќе има 87 години, веќе извесно време води битка со рак и неколкупати веќе изјави дека ги живее последните денови од неговиот живот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани