Човекот кој ја почна кариерата на „Football Manager“ ќе го враќа Саутемптон во Премиер лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

По испаѓањето од Премиер лигата, Саутемптон ја почнува реконструкцијата со ново лице на клупата – Вили Стил е новиот менаџер на „светците“.

Стил, кој е роден во Белгија од англиски родители, кариерата ја градел во Лирс, Бершот и Ленс, а во јавноста е познат и како тренер инспириран од популарната видео игра Football Manager. На само 17 години престанал да игра фудбал за да се посвети на тренерската професија.

Во 2022 година со Ремс стана најмладиот тренер во Топ 5 лигите, иако немаше УЕФА Про лиценца – поради тоа клубот плаќаше по 22.000 фунти казна за секој натпревар што го водеше.

Сега добива шанса да го врати Саутемптон назад каде што припаѓа – во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани