Човекот кој го победи ракот и во „втората младост“ освојуваше трофеи со Интер оди во Саудиска Арабија

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер ќе остане без еден од најискусните дефанзивци, откако Франческо Ачерби ќе го напушти клубот по четири сезони минати во дресот на „нероаѕурите“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер нема намера да му понуди нов договор на 38-годишниот стопер, бидејќи клубот планира сериозно подмладување на одбранбената линија пред сезоната 2026/27.

За Ачерби веќе постои интерес од Саудиска Арабија, а најгласни се шпекулациите дека повторно би можел да соработува со поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, кој сака да го доведе во Ал Хилал.

Кариерата на Ачерби е една од најневеројатните во италијанскиот фудбал. Дефанзивецот неколкупати јавно зборуваше за тешкиот период кога му беше дијагностициран рак на тестисите. Болеста првпат му беше откриена во 2013 година додека настапуваше за Сасуоло, а по кратко време ракот повторно се вратил. По хемотерапијата и долгата борба, Ачерби успеа целосно да закрепне и се врати на терените, по што ја изгради и најуспешната етапа од својата кариера во која двапати беше шампион на Италија, по трипати ги освои Купот и Суперкупот, а беше и европски првак со „аѕурите“.

Тој во текот на кариерата настапуваше за Павија, Реџина, Џенова, Киево, Милан, Сасуоло, Лацио и Интер, а за италијанската репрезентација одигра 34 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×