Раководството на Болоња му понудило продолжување на договорот на тренерот Винченцо Италиано, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Италиано (47) ја презеде Болоња во јуни 2024 година, со договор до 2026, но по одличната сезона, клубот сака да го врзе до 2028. Неговиот менаџер, Франческо Калиандро, денеска ќе има состанок со челниците на клубот за да ја слушне официјалната понуда.
Според италијанските медиуми, Италиано е подготвен да ја разгледа понудата, но очекува зголемување на платата и гаранции дека заминувањата на фудбалери летово ќе бидат соодветно надоместени. За тренерот на Болоња интерес покажале и Милан и Рома.
Инаку, Болоња оваа сезона го освои Купот на Италија со победа над Милан (1:0) во финалето на 14 мај, а коло пред крајот на Серија А се наоѓа на осмото место со 62 бода.