Четворица фудбалери на Милан биле на концерт пред мечот со Парма, Консеисао бил бесен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан потешко од очекувањата ја совлада Парма со 3-2, а потоа беше откриено дека четворица од фудбалерите биле на концерт во пресрет на овој меч.

Иако не ги именуваше посебно, има фотографија од која се гледа дека тоа биле Калабрија, Тео Ернандез, Рубен Лофтус-Чик и Франческо Камарда кои се фотографирале со раперот Лаца на чиј концерт биле.

Тоа не му се допаднало на Консеисао кои сака неговите фудбалери да бидат фокусирани пред натпреварите.

„Јас сум Португалец, од поразлична култура, но јазикот не фудбалот е универзален. Имаме два часа тренинг дневно и тоа е нормален живот, но треба да живеете како професионалец“, вели Консеисао.

„Светот нема да се сруши поради еден концерт. Зборував со четворицата фудбалери, имам мои правила и клубот има исто така“.

„Но, сега најважно е да мислиме за мечот со Динамо и како да победиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани