Челси не успеа да го реализира трансферот на Алекс Скот, откако Борнмут експресно ја одби понудата вредна 64 милиони фунти за младиот играч за врска.
Од клубот јасно му ставиле до знаење на лондонскиот гигант дека нема намера да преговара и дека Скот не е на продажба, без разлика на висината на евентуалните нови понуди.
Дополнителна неизвесност создава фактот што 22-годишниот англиски репрезентативец до 21 година пред два месеци ја одбил понудата за нов договор. И покрај тоа, Борнмут е убеден дека ќе го задржи на „Виталити“, иако актуелниот договор му истекува за две години.
Челси не е единствениот заинтересиран клуб. Во трката за потписот на Скот се и Арсенал, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Манчестер сити, а Арсенал уште во јуни испратил понуда која исто така била одбиена.