Челси за 14 милиони евра купи дефанзивец од „вториот тим“

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси продолжува со градба на тимот за иднината – клубот од Лондон официјално потврди дека го ангажирал младиот француски дефанзивец Мамаду Сар од Стразбур.

19-годишниот стопер стави потпис на осумгодишен договор до 2033 година, откако минатата сезона забележа 28 настапи за Стразбур и помогна клубот да обезбеди пласман во Конференциската лига.

Неговиот потенцијал е препознаен и на репрезентативно ниво, каде настапува за младите селекции на Франција, а последен пат играше за селекцијата до 20 години“, соопшти Челси на својата официјална веб-страница.

Финансиските детали не беа објавени, но британските медиуми пренесуваат дека трансферот вреди околу 14 милиони евра.

Ова е второ засилување за Челси летово, по пристигнувањето на напаѓачот Лијам Делап од Ипсвич. Во исто време, се очекува заминување на Џејдон Санчо, кој ќе се врати во Манчестер Јунајтед по позајмицата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани