Челси врза пет натпревари без пораз и освои важни бодови во битката за ЛШ! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Челси во финишот од сезоната влегуваат во добра форма и денеска во 34. коло го одиграа и петтиот натпревар без пораз во Премиер лигата.

Избраниците на Енцо Мареска беа подобри од Евертон со минимални 1-0, а човек на одлука беше Николас Џексон кој го постигна единствениот гол на натпреварот во првото полувреме.

Во продолжение Челси имаше иницијатива, но не успеа да ја затресе мрежата и вторпат.

За „сините“ ова се исклучително важни бодови ов битката за место во ЛШ и сега на четвртото место со 60 бода, Нотингем има исто толку, Њукасл еден помалку, меѓута двата ривали на лондонскиот клуб се со натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани