Челси тргна по второто засилување за Алонсо, понудени 50 милиони фунти

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека „сините“ отвориле преговори со Кристал Палас за ангажман на Максанс Лакроа.

Челси оваа недела го договори првото засилување за Чаби Алонсо ова лето, и го „украдоа“ Марко Палестра, кој беше на чекор до трансфер во Интер.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ за кратко го капариса десниот бек во зделка вредна околу 60 милиони евра, и веќе се насочува на следната цел.

Неколку извори пренесуваат дека се отворени преговори со Кристал Палас за ангажман на Максанс Лакроа.

Неговите стабилни партии, сигурноста во одбраната и зрелост на теренот го импресионираат Челси. Самиот Чаби Алонсо го поставил како приоритет, бара искусен играч подготвен за настапи во Премиерлигата и Лакроа совршено се вклопува во тој профил.

Се шпекулира дека на маса се ставени 50 милиони фунти, односно околу 58 милиони евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

×