Фудбалерите на Челси вечерва ја освоија Конференциската лига откако во финалето Вроцлав, Полска го совладаа Реал Бетис со 1-4.
Бетис рано уште во деветтата минута дојде до водство со голот на Езалзули по астенцијата од Иско.
Иако Челси имаше повеќе од играта, сепак не создаде премногу шанси пред домашниот гол. Тоа се промени во вториот дел кога Бетис беше комплетно притиснат на својата половина. Израмнувањето дојде до во 65. минута кога Палмер бше асистент, Енцо Фернандез стрелец. Само пет минути подоцна Палмер запиша уште ена асистенција, сега за Николас Џексон.
Во 83. минута Џејдон Санчо постигна убав гол за водство од 1-3, додека во самиот финиш видовме и четврти гол во мрежата на шпанскиот тим кој беше дело на Моисес Каиседо.
Со овој триумф Челси стана единствениот клуб кој успеал да ги освои сите три европски натпреварувања (Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига).
Фото: Chelsea FC/X