Челси сака да покаже дека е сериозен и да донесе звучно засилување од 100 милиони евра

by bojan
1 минути читање
Родриго

„Сините“ имаат амбиција да се борат на сите фронтови следната сезона, па да покажат дека се сериозни, сакаат да донесат звучно име – главна цел им е Родриго од Реал Мадрид.

Чаби Алонсо на промоцијата како нов тренер на Реал Мадрид порача дека Родриго е спектакуларен фудбалер и тој ќе смета на Бразилецот, но никако да престанат шпекулациите за трансфер на офанзивниот фудбалер.

Последните информации велат дека Челси го идентификувал Родриго како звучното засилување со кое ќе покажат дека се сериозни и имаат амбиција да се борат на сите фронтови следната сезона.

Бразилецот ги исполнува сите барања на Тод Боли и неговите соработници – млад фудбалер, кој има искуство на елитно ниво и поседува огромен простор за напредок.

Во моментов само се опипува терен и интересот не е конкретен, но се очекува Челси во скоро време да тргне во офанзива.

Се шпекулира дека ќе бидат потребни околу 100 милиони евра за Реал Мадрид да прифати продажба на Родриго.

ФОТО: X/Real Madrid

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани