Денеска со почеток од 21 часот се игра финалето од Конференциската лига, за пехарот во Вроцлав ќе се борат Челси и Бетис.
Двата клуба можат да испишат историја, Челси севкупна, фудбалска, а Бетис клупска.
Ако го крене трофејот од Конференциската лига, Челси ќе стане првиот во историјата кој успеал да ги освои сите три европски купа.
Сините имаат два трофеи во Лигата на шампионите, двапати ја освојуваа и Лига Европа, па ако дојдат и до пехарот од Конференциската лига ќе постават уникатен рекорд.
За Бетис ова е прво европско финале, а тоа значи дека евентуална победа би им го донела првиот пехар од европско натпреварување.
Според обложувалниците Челси е фаворит за трофејот, но Бетис има тим со искусни играчи како Иско и Антони кои можат да направат разлика.