Челси рутински се справи со Ѓургарден и дојде на еден натпревар до историја (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Челси со 1-0 го доби реваншот против Ѓургарден, „сините“ сега се на еден натпревар до историја, односно да станат првиот клуб кој триумфирал во Конференциска Лига, Лига Европа и Лигата на шампиони.

„Сините“ пред една недела триумфираа со убедливи 1-4 на гостувањето во Шведска, па вечерашниот реванш против Ѓургарден беше само рутина.

Избраниците на Енцо Мареска славеа со 1-0, победата ја донесе Дјузбери Хол, кој погоди во 38. минута од мечот.

Финалето се игра на 28. мај во Вроцлав (Полска), а Челси ќе се обиде да испише историја и да стане првиот клуб кој триумфирал во Конференциска Лига, Лига Европа и Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани