Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси сака да го ангажира Арда Ѓулер од Реал Мадрид, „сините“ се подготвени на маса да стават 100 милиони фунти.
Чаби Алонсо е голем фан на Арда Ѓулер, кога стратегот го презеде кормилото на Реал Мадрид, веднаш ја промени позицијата на Турчинот и му даде поважна улога во тимот.
На самиот фудбалер му годеше сето ова, па во една прилика рече дека ќе игра и како голман доколку Чаби Алонсо го побара тоа од него.
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Чаби Алонсо сега поставил ангажманот на Арда Ѓулер како еден од приоритетите на Челси ова лето, и „сините“ се подготвени на маса да стави 100 милиони фунти за да му ја исполнат желбата.
Сепак, Реал Мадрид во моментов не помислува за продажба на Арда Ѓулер, го гледаат како клучен дел од составот и еден од носителите на иднината на клубот.