71
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси го одбрал Чаби Алонсо за нов тренер и сака да ја заврши работата веќе следната недела.
„Сините“ се во потрага на нов тренер по петти пат во четири години, и како што пренесува Телеграф, изборот паднал на Чаби Алонсо.
Директорите на Челси разговарале и со Андони Ираола и со Марко Силва, но веруваат дека Чаби Алонсо е правиот човек за клупата на „Стемфорд Бриџ“.
Тие сега сакаат да ја завршат работата веќе следната недела, и веднаш да почнат да се кројат плановите за новата сезона.