Челси може да стане како – Мурињо! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вечерва Челси игра важен натпревар, европско финале во Вроцлав, за трофејот од Конференциската лига ќе се бори против Бетис.

Со победа Челси може да стане првиот клуб кој ги освоил сите три европски трофеи, Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига.

Мурињо веќе стана првиот трофеј кој го направи тоа, дури стави и тетоважа по тој повод.

Во пресрет на финалето во Конференциската лига, Мурињо даде изјава за „Скај Спортс“.

„Што значеше трофејот од КЛ за мене, значеше голема тетоважа на рамото бидеќи јас сум единствениот кој тоа го направил. Мислам дека Челси е клуб кој сака да ја освои Лигата на шампионите, не Конференциската лига, но тоа е трофеј. И да се биде единствениот клуб во светот кој ги освоил сите три е неверојатно“, рече Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани