„Сините“ и ова лето ќе инвестираат неколку стотини милиони евра во засилувања, но се подготвуваат и за голема чистка, на продажба одат дури 14 фудбалери.
Челси е пред ангажман на Лиам Делап, а се водат преговори и за Џејми Бајно Гитенс од Борусиај Дортмунд, како и Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.
На листата со желби на Енцо Мареска има уште неколку имиња и се очекува „сините“ и ова лето да потрошат неколку стотици милиони евра во засилувања.
Но во исто време на Стемфорд Бриџ се подготвува чистка, и како што пренесува Гардијан, на излезна врата се дури 14 играчи.
Купци ќе се бараат за голманите Роберт Санчез и Ѓорѓе Петровиќ, дефанзивците Ренато Веига, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, Весли Фофана и Тревор Чалоба.
Во средниот ред вишок се Кирнан Дусбури Хол, Карни Чуквуемека и Лесли Угочукву, додека пак во напдот се Кристофер Нкунку, Рахим Стерлинг, Нони Мадуека и Жоао Феликс.