98
Челси го доврши трансферот на младиот напаѓач на Ипсвич, Лиам Делап, откако ја активираше откупната клаузула вредна 35,1 милион евра.
Лондонскиот клуб реагираше брзо по испаѓањето на Ипсвич од Премиер лигата, а во трката за потписот на 22-годишниот англиски репрезентативец до 21 година ги победи Манчестер Јунајтед, Њукасл и Евертон.
Делап минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна 12 голови во Премиер лигата, а трансферот во Челси е поттикнат и од тоа што тој веќе има работено со новиот менаџер на „сините“, Енцо Мареска.
Двајцата соработуваа во Манчестер Сити У21 во сезоната 2020/21, кога Делап имаше блескава форма и запиша 27 голови на 22 меча.