Челси ја одредил цената за Енцо Фернандез, Сити не сака да ја плати!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Сити според последните информации сериозно тргнал по ѕвездата на Челси, Енцо Фернандез. Иако веќе се остварени првите контакти со претставниците на аргентинскиот репрезентативец, реализацијата на сензационалниот трансфер ќе зависи исклучиво од висината на обесштетувањето.

Според најновите информации од фудбалскиот пазар, „граѓаните“ го направиле првиот конкретен чекор и стапиле во контакт со луѓето кои го застапуваат Фернандез.

На „Етихад“ очигледно го гледаат Аргентинецот како идеално решение за својот среден ред, но преговорите со раководството на лондонскиот клуб нема да бидат нималку лесни. На „Стемфорд Бриџ“ немаат никаков притисок да го продадат својот ас, а сосема задоволни би биле доколку Фернандез и понатаму остане дел од тимот. Тоа им дава силна позиција во преговорите.

Токму поради тоа, Челси поставил висока цена. Раководството на „сините“ за услугите на одличниот Аргентинец бара дури 140 милиони евра.

Иако Манчестер Сити располага со огромна финансиска моќ, „граѓаните“ не се подготвени веднаш да ја платат бараната сума. Англискиот гигант се надева дека преку преговори ќе успее да ја намали цената.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×