Челси има напаѓачи од 300 милиони евра, а во 2025 најдобар голгетер им е лев бек

by bojan
1 минути читање

Челси веројатно е првиот тим кој со свирежи од сопствените навивачи е испратен во полуфинале, „сините“ уште еднаш разочараа вчера откако дома загубија на реваншот против Легија со 1-2.

Челси синоќа се пласираше во првото европско полуфинале под новите сопственици, но фудбалерите наместо аплауз, добија свирежи од сопствените навивачи.

Причината е лошата форма и новиот неочекуван пораз, Легија вчера славеше со 1-2 на „Стемфорд Бриџ“ а „сините“ одат понатаму благодарејќи на победата од 0-3 на првиот натпревар во Полска.

Тренерот Енцо Мареска мака мачи да го извади најдоброто од своите ѕвезди, особено од напаѓачите.

Челси инвестираше околу 300 милиони евра во офанзивни фудбалери како Нето (60 милиони), Жоао Феликс (52 милиони), Нкунку (60 милиони), Палмер (47 милиони), Џексон (37 милиони) и Мадуеке (35 милиони), а во 2025 година најдобар голгетер им е левиот бек Кукуреља.

Шпанецот оваа година има постигнато 4 погодоци и тоа го става на листата пред сите овие имиња погоре. Првата ѕвезда на тимот, Кол Палмер не знае за гол веќе 15 натпревари во низа, додека пак Николас Џексон (единствениот искусен класичен напаѓач) нема постигнато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани